Вардар и Металург лесно ги апсолвираа ракометните задачи во Струга

Македонскиот шампион Вардар успешно го апсолвираше првиот тест на турнирот во Струга и вечерва успеа рутински да го победи Охрид со 27:22.

За „црвено-црните“ ова беше првиот меч на турнирот, што е исклучително со македонски екипи, а разликата во квалитетот си го стори своето.

Охрид одигра одлично прво полувреме и имаше само еден гол негатива, 12:13, против сè уште актуелниот европски првак. Потоа вардарци додадоа гас и славеа со пет гола разлика.

Пред нив играше Металург и победи убедливо со 33:24 против Прилеп, како рехабилитација за поразот во дербито со Пеллистер Еурофарм вчера.

Во првиот меч од вториот ден Бутел ја победи втората екипа на битолчани со 21:17.

- Оглас -

Најнови вести