0.8 C
Skopje
понеделник, 2 февруари 2026

Вардар и Осогово ќе одиграат хуманитарен меч во Кочани

Есенскиот првак Вардар на 7 февруари, в сабота, ќе гостува кај второлигашот Осогово во Кочани и ќе одигра пријателски натпревар. Од клубот од Кочани истакнаа дека натпреварот ќе има хуманитарен карактер.

„Натпреварот се организира во чест и сеќавање на трагичниот настан од 16 март. Сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележје, како траен симбол на почит и сеќавање“, нагласуваат од клубот.

Вардар денеска го одигра последниот пријателски натпревар во Анталија, каде што загуби од Алашкерт со 0-3. Контролниот меч со Осогово ќе биде последен во рамките на подготовките, пред првото пролетно коло. Вардар на 11 март како дел од првото пролетно коло ќе се сретне со Арсими на комплексот на ФФМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести