20.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Вардар и Шкендија да победат против Лозана и ФЦСБ носи вкупен коефициент 107.5! (Фото)

Вардар и Шкендија се единствените две македински екипи кои останаа во европските купови. Вардар игра во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, додека Шкендија е во истата фаза од квалификациите во Лигата на шампионите.

Интересно е дека двата македонски тима имаат позитива по првите мечеви кои ги одиграа во Скопје. Вардар со 2:1 ја победи Лозана, а Шкендија минимално со 1:0 славеше над романскиот гигант ФЦСБ.

Овие победи на македонските екипи беа изненадување бидејќи Вардар и Шкендија се во улога на аутсајдери во двобоите со Лозана и ФЦСБ. Вкупната квота тогаш за двете победи на македонските екипи изнесуваше над 20.

Сега следуваат реваншите на терените на противниците. Шкендија задутре вечер ќе гостува во Букурешт кај ФЦСБ, а квотите велат дека романскиот тим е апсолутен фаворит. За победа на ФЦСБ е 1.25, за реми е 5.85, за победа на Шкендија е 10.75

Тоа важи и за Вардар, кој в четврток ќе гостува кај Лозана. За победа на Лозана е 1.25, за реми е 5.90, за победа на Вардар точно 10.

Ако има оптимисти и веруваат дека Вардар и Шкендија може повторно да победат и да одиграат „двојки“ на еден заеднички тикет, вкупниот коефициент кој се добива за победи на Вардар и Шкендија е дури 107,5!

- Оглас -

Најнови вести