Вардар и Шкендија играат „ништо-ништо“ по првите 45 минути на ФФМ

Резултатот по првиот дел на дерби-мечот помеѓу Вардар и Шкендија на теренот на ФФМ е оној почетниот, 0-0. Публиката на трибините, но и оние кои го следат мечот на телевизија немаа прилика да видат убав фудбал за око.

Првите 45 минути главно минаа во игра на средината на теренот, со една вистинска шанса, и тоа за гостите од Тетово, но голманот на Вардар беше поуспешен во таа 33-та минута.

Иако главниот судија, Фатмир Бафто од Охрид, покажа дури пет жолти картони во првиот дел, сепак мечот е мирен и без тензија, а опомените беа за фаули далеку од опасната зона.

Според прикажаното, сè ќе се решава во второто полувреме. Вардар има предност од четири бода пред Шкендија, па актуелниот шампион на Македонија ќе мора да тргне поофанзивно во вториот дел.

- Оглас -

Најнови вести