Вардар и Силекс во четвртфинална куп-битка во која нема поправен

Денеска од 14 часот се играат четвртфиналните дуели од фудбалскиот куп на Македонија, по што ќе се знаат четирите полуфиналисти, со оглед на тоа дека нема реванш, се игра само еден меч.

Шкендија иако гостува, таа е јасен фаворит против Детонит Плачковица, како и Брера Струмица во дуелот со Арсими.

Квотите во Sport Life најавуваат дека многу подраматично и понеизвесно треба да биде во Скопје и Струга, каде што ќе има прволигашки дуели. Стружани го пречекуваат Гостивар и тука е тотална неизвесност околу победникот, нема фаворит, а на Арената, Вардар е домаќин на Силекс во битка на два клуба кои заедно имаат осум освоени купови на Македонија.

Вардар има само една победа на последните 13 меѓусебни дуели со кратовци, па тоа треба да им биде голем мотив да ја прекинат црната серија против некогашниот голем ривал, кој не тргна добро во пролетниот дел од шампионатот и освои само еден бод во двете кола. И покрај тоа, Силекс е фаворит според квотите, но Вардар е домаќин и купот го гледа како шанса да освои трофеј сезонава.

- Оглас -

Најнови вести