Вардар им е гостин на Гемиџиите – Со победа во Велес титулата ќе биде поблиску

Вардар денеска ќе биде гостин во Велес и ќе игра против Борец во премиерниот меч од 20. коло, што е исклучително важен за двете екипи.

Се очекува прекрасна атмосфера за која ќе бидат задолжени домашните Гемиџии и гостинските Комити, кои најави голема поддршка за Вардар.

Лани во август по цели 19 години најтрофејниот клуб беше гостин во Велес и мечот заврши без голови. Се чини дека денеска нерешено, не им одговара ниту на лидерот Вардар, ниту на Борец, кој бие битка за опстанок.

„Борец одигра одлично против нас на тој меч и ќе треба да внимаваме. Имаме добра бодовна залиха предност пред конкурентите и се надевам дека со победа ќе ја задржиме и ќе прегрмиме едно тешко гостување“, вели Александар Васоски, тренерот на Вардар.

Вардар е прв на табелата со 39 бода и ако ги мине Гемиџиите ќе биде чекор поблиску до титулата. Борец има поинакви планови, сезонава на 9 меча во Велес нема ниту еден пораз, па се надева дека бастионот ќе остане неосвоен и од најтрофејната екипа кај нас. Велешани со 20 бода се на осмото место во конкуренција на 10 екипи во Првата лига.

- Оглас -

Најнови вести