Челниците во најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, ФК Вардар, информираат дека продолжуваат со чистење на заостанатите долгови кои биле направени во клубот во претходните сезони. Од таборот на Црвено-црните преку соопштение појаснуваат какви се долгови направени во минатото, треба да се исчистат.
Соопштението ви го пренесуваме во целост:
Ја известуваме заинтересираната јавност дека управата на клубот во целост ги исплати платите и давачките за истите направени од поранешните неодговорни управи за месеците:
Ноември 2018,
Јуни 2019,
Јули 2019,
Јануари 2020.
Управата на АД ФК ВАРДАР исто така ги исплати долговите направени од луѓето што го менаџирале клубот во сезоната 2023/24.:
Лемос рехабилитација по операција 2.000 €
Плата за Лемос 2.500 €
Авио билет за Лемос 2.100 €
Такси до Софија за Лемос 100 €
Заостаната плата за Шушњара 2.000 €
Заостаната плата за Бришки 1.500 €
Заостаната плата за Сусо 1.000. €
Финансиската консолидација продолжува со полно темпо.