Вардар ја надигра Беса, но не успеа и да ја победи

Вардар и Беса ремизираа без голови, 0-0, на првиот меч од 21-вото коло на Првата македонска фудбалска лига. Домашните беа фаворити, беа и подобри на теренот, но тоа не успеаја да го крунисаат со гол, што ќе значеше и три бода.

Беса дојде да се одбрани и успеа во својата намера, па после ремито против фаворитот Гостивар, успеа да дојде до уште еден значаен бод во борбата за опстанок. За разлика од нив, Вардар сакаше да победи, доминираше на теренот, имаше и свои шанси, но голманот на гостите, Захов, беше непремостлива пречка.

Со овој бод, Вардар останува деветти со 17 бода, додека од 10-тото до 12-тото место се Тиквеш, Беса и Воска со по 15 бода.

- Оглас -

Најнови вести