Фудбалскиот клуб Вардар би го продал напаѓачот Роџерс Мато, но за него бара обесштетување од 1,5 милиони евра.
Неодамна клубот обелодени дека одбиле понуда од Хартс од 350.000 евра, а интерес за Мато има од повеќе клубови. Репрезентативецот на Уганда ќе го добие тој што ќе плати 1.500.000 евра, во спротивно, голгетерот останува во Вардар.
„ФК Вардар АД ја информира јавноста дека, поради зголемениот интерес од повеќе странски клубови за нашиот фудбалер Роџерс Касим Мато, управата на клубот донесе одлука да утврди откупна клаузула во износ од 1.500.000 евра“, информираа Црвено-црните.

