Вардар на тежок испит во Кратово, Шкендија пред лесни „три“ против Брера

Попладнево ќе биде јасно која екипа ќе го заврши на пол-позицијата вториот круг од Првата македонска фудбалска лига, а тоа ќе значи и дека ќе игра на домашен терен во последното коло против ривалот за титулата.

Вардар има тежок испит на гостувањето во Кратово, но не смее да си дозволи кикс ако сака да остане лидер. Скопските „црвено-црни“ имаат само бод предност пред Шкендија, па со триумф над Силекс ќе го обезбедат првото место, а тоа ќе значи дека според распоредот за третиот круг, во последното коло ќе играат против Шкендија на домашен терен.

За разлика од Вардар, Шкендија има многу полесен ривал и се очекува лесно да дојде до трите бода. Тетовските „црвено-црни“ на домашен терен ја пречекуваат струмичката Брера и се големи фаворити за победата, но за лидерското место по вториот круг ќе мора да чекаат и кикс на Вардар во Кратово.

Двата меча се играат во исто време, со почеток во 14 часот.

- Оглас -

Најнови вести