Вардар не го искористи блесокот на Борко како во неговите најдобри денови

Вардар со пораз 27:24 од ќе се врати од гостувањето кај Порто во првиот меч од ЛШ кој Црвено-црните го одиграа во 2021 година. Разбранетиот Борко Ристовски блесна со 15 интервенции, но сепак тоа не беше доволно за составот на Стевче Алушовски да го пренесе победничкиот ритам од СЕХА лигата.

По израмнетите 13:13 од првото полувреме, Порто многу подобро тргна во вторите 30 минути со серија од 4-1 на стартот од второто полувреме. Вардар цело време бркаше негатива, а при резултат 21:20 Ристовски имаше свое шоу со неколку одбрани во низа, но сепак неговите соиграчи не го искористија тоа за да остварат пресврт.

Дибиров продолжи со голгетерскиот учинок и заврши со вкупно осум погодоци, а неколку непромислени грешки во клучни моменти го оддалечија Вардар од драматичен финиш во „змејовото гнездо“.

 

- Оглас -

Најнови вести