Вардар не игра, но без Македонци не може во ЛШ – Митревски правеше чуда на голот на Порто

Николче Митревски бранеше импресивно за Порто вечерва против Мешков Брест и со 13 одбрани беше меѓу најзаслужните за триумфот на Португалците со 27:25.

Гостите од Белорусија имаа предност од три гола во првата половина од првото полувреме, но се разбрани нашиот репрезентативец и многу брзо португалскиот тим направи пресврт и имаше предност од 12:9 на полувремето.

Митревски продолжи да брани на врвно ниво и имаше голем придонес во триумфот на Порто, прв по празот од Елверум во стартното коло од мечевите во А групата, каде што е и Вардар.

Македонскиот првак и сè уште актуелен европски шампион нема да игра во второто коло поради банална причина и страв на Елверум од корона-вирус. ЕХФ одлучи мечот што требаше да се игра во Скопје да се одложи.

Во истата А група вечерва се случи и големо изнанедување, а го приреди Фленсбург со победа против Пари Сен Жермен во Париз со 29:28.

Германците го нокаутираа големиот фаворит во премиерниот меч за ПСЖ во новиот циклус натпревари во Лигата на шампионите.

На домашен терен вечерва победи славеа Алборг против Мотор со 38:29 и Кјелце со Сегед со 26:23.

 

 

- Оглас -

Најнови вести