Вардар не искористи неколку шанси, па загуби од шампионот на Словенија

СпортМанија во Раденци,

Вардар го претрпе првиот пораз на подготовките во Словенија, откако со 2:0 беше поразен од Олимпија Љубљана, на контролен меч одигран во Раденци. Црвено-црните одиграа одлично прво полувреме во кое ја контролираа играта, а избраниците на тренерот Гоце Седлоски создадоа неколку шанси за погодок, но не реализираа ниту еднаш.

Во второто полувреме, двата тима направија неколку замени, а во една таква ситуација, словенечкиот шампион се снајде многу подобро. Олимпија поведе со голот во 65 минута на Диего Пинто. Сите дилеми околу победникот ги реши и Алекс Тамб со погодок во 78 минута.

Вардар на стартот од подготовките со 3:0 го побди Будуќност, а додека е на подготовки во Словенија, Црвено-црните ќе одиграат контроли дуели со Марибор и Рапид Виена.

Контролен меч во Словенија одигра и Шкендија, која беше убедливо поразена од Копер со 4:0. Во македонската пресметка, Работнички и Силекс ремизираа 1:1.

- Оглас -

Најнови вести