Со само една победа во шест одиграни мечеви, Вардар е под притисок дека денеска мора да ги освои трите бода на свој терен против Гостивар и да покаже дека заслужено е во Прва лига и дека таму му е местото да остане.
Гостива е единствената екипа која е послаба од Вардар и има само три бода од седум средби. Гостиварци загубија дури шест меча и ја имаат најслабата одбрана со дури 15 примени гола (просек повеќе од два гола на меч).
Вардар и Гостивар во минатите две сезони беа дел од Втора лига, кога одиграа пет меча, а Црвено-црните победија само еднаш, Гостивар се радуваше два пати, а два меча завршија нерешено. Во Sport Life одлична е квотата Вардар да победи денеска на стадионот „Борис Трајковски“.
Денеска се играат уште пет меча во Прва лига и сите може да ги најдете во понудата на Sport Life.