Вардар немаше сили да го изненади Шкупи на Чаир, Тиквеш и Силекс ремизираа

Фудбалерите на Шкупи се радуваат по градскиот дерби дуел против Вардар. Тимот од Чаир, пред своите навивачи победи со 2:0 потврдувајќи зошто овој тим е во борба за титулата во Прва фудбалска лига на Македонија.

Шкупи сега има 51 бодови од 25 средби, израмнувајќи се со лидерот Струга ТЛ кој утре на свој терен игра против локално дерби против Воска. Вардар остана на 26 бодови и е во опасната зона за испаѓање.

Едно полувреме Вардар имаше сили да му парира на фаворитот, па по првите 45 минути немаше голови. На почетокот на вториот дел, Бразилецот Дуду одлично искористи едно нафрлување и со глава погоди за 1:0.

Сите шанси на Вардар дека може да остане непоразен завршија кога во 64 минута црвен картон доби Марјан Ристовски. Црвено-црните со играч помалку не можеа да парираат на домаќините, а Шкупи максимално ја искористи бројчаната предност.

Во 68 минута Кристијан Трапановски погоди за 2:0, а во 77 минута веќе беше 3:0 кога норвешкиот интернационалец Гронер погоди за 3:0. Во 82 минута црвен картон доби и дефанзивецот на Шкупи Абдул, но победникот во тој момент веќе беше познат.

Во вториот денешен дуел од Прва лига, Тиквеш и Силекс одиграа нерешено 1:1. Искусниот 33-годишен напаѓач Зоран Даноски погоди во 54 минута за водство на домаќините, но Силекс не се предаде и со гол во 90+3 минута стигна до реми и бод во Кавадарци.

Тиквеш остана на петото место со 33 бодови, додека Силекс остана четврти со 36 бодови во досегашниот дел од првенството.

Утре ќе се играат останатите четири меча од ова коло во Прва лига.

 

- Оглас -

Најнови вести