-0.2 C
Skopje
четврток, 8 јануари 2026

Вардар одби 350.000 евра за Мато и тоа од лидерот во шкотското првенство

ФК Вардар АД доби понуда за продажба на играчот Касим Рогерс Мато од екипата на Хартс од Шкотска, во висина од 350 000 евра, која беше одбиена без размислување, соопштуваат од редовите на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.

Од Вардар потенцираат дека воопшто не планираат да го продадат фудбалерот кој беше најдобар во есенскиот дел од шампионатот.

“ Управата и стручниот штаб на ФК Вардар целат кон освојување на двете титули во македонскиот шампионат, како и поубедлив настап на следните европски натпреварувања. Така што речиси воопшто не се ни размислуваше за продажба на најдобриот стрелец во лигата со постигнати 12 погодоци во полусезоната што помина”, велат од Вардар.

Касим Рогерс Мато е целосно заздравен од повредата (скршеница на стапало), поради која отсуствуваше од неколку натпревари, и во полна форма се очекува на почетокот на вториот дел од сезоната на Прва лига.

Хартс кој се интересираше за доведување на Мато е тим кој е лидер во првенството на Шкотска.

- Оглас -

Најнови вести