Вардар пак оди на ура, со меч против Борец ја почнуваат новата македонска фудбалска приказна

Вардар и Борец денеска од 17.30 часот ќе означат старт на новото домашно првенство, издание број 29, со премиерен меч на националната арена „Тодор Проески“.

Актуелниот првак и најтрофеен македонски клуб со вкупно 12 титули во колекцијата е вистинска енигма дури и за најзагрижените вардарци.

Клубот е во голема финансиска криза и комплетно го смени ликот, па под палката на одличнито стратег ќе се обиде повторно да ги прегрми сите искушенија и да изненади со нов атак на пехарот.

И во последното издание, односно во прекинатата сезона поради пандемија со Ковид-19, Вардар имаше идентични проблеми, но успеа да биде убедливо на врвот за 11 македонска шампионска круна, или вкупно 12 со единствената од првенствата на Екс-Југославија.

Васоски успеа некако да скрпи тим со кам-бек на неколку квалитетни играчи од калибарот на Блажевски, Најденов, Петковски…, но прашање е дали имаше доволно време за Васоски да го вкомпонира новиот тим, со стартите проблеми.

На спротивната страна на Васоски ќе се обиде да му се спротивстави уште еден млад и талентиран тренер, Горазд Михајлов, кој ја прегрме првата сезна како кормилар на Борец и сега очекува пласман во горниот дом на мак-фудбалот.

Во сезоната што заврши предвреме поради пандемијата со корона-вирус двата состави одиграа три меѓусебни дуели, а Вардар победи двапати и еднаш беше нерешено.

Двојки, прво коло: Денеска: Вардар – Борец 17.30 часот

Утре: Беласица – Силекс, Македонија Ѓ.П. – Работнички, Пелистер – Академија Пандев, Ренова – Струга и Шкупи – Шкендија, сите од 17.30 часот.   

 

- Оглас -

Најнови вести