Најтрофејниот покажува дека има иднина: Вардар убедливо ја победи Шкендија и го освои Купот!

Како најава за младинското и сениорското финале во фудбалскиот Куп на Македонија, денеска се одигра завршниот меч во кадетска конкуренција. Надежите на Вардар во финалето кое се играше во Кичево убедливо со 4:1 ги победиja врсниците на Шкендија.

Вардар од самиот почеток тргна офанзивно и имаше неколку шанси за погодок, кои не беа реализирани, но радоста на Црвено-црните стигна во 21-вата минута, кога погоди Горјан Цветков од пенал.

Потоа тетовци заиграа подобро, имаа две шанси за израмнување, а тоа се случи во 32-рата минута. Тука не беше крајот на возбудувањата во првиот дел затоа што Вардар повторно стигна до водство со погодокот на Ѓорѓи Дошев, кој даде гол со шут од 25 метри.

Неизвесно беше до 15 минути пред крајот, а тогаш Филип Јовановски погоди за водство на Вардар од 3:1. Конечните 4:1 ги постави Зоран Фидановски со погодок во 90-тата минута, а потоа можеше да започне големото славење на кадетите на нашиот најтрофеен клуб, Вардар.

 

- Оглас -

Најнови вести