Вардар поразен од Гостивар, најтрофејниот падна на последно место

Поразот на свој терен од 0-2 против Гостивар, го симна Вардар на последното место на прволигашката табела, и потврдува дека Црвено-црните не се тоа што сакаа да бидат во пресрет на сезонава во која се вратија во првата лига.

Вардар во седумте кола има пет порази и само четири бода, а веќе играше со некои од тимовите од долната половина на табелата, па допрва ќе следат маките за Црвено-црните против посилните ривали.

Лидер во првата лига е Шкендија која со 1-0 славеше над Македонија Ѓорче Петров. Брера и Силекс ремизираа 1-1 во Струмица, првакот Струга со 1-0 го совлада Работнички, а најефикасно беше на дуелот Беса – Шкупи, каде гостите победија со 3-2. Тиквеш со пресврт „еден во два“ ја победи Брегалница со 2-1, победникиот гол на Ивановски падна во 90-та минута.

 

- Оглас -

Најнови вести