Вардар поведе, Црвена ѕвезда во финишот даде два гола и води на полувреме

Црвена ѕвезда води со 2:1 на полувреме во Скопје против Вардар, во пријателскиот меч од хуманитарен карактер. Околу 25.000 гледачи има на арената „Тодор Проески“ и гледаат убав меч со погодоци на двете страни.

Вардар поведе со голот на Михаил Маневски, кој веднаш потоа го соблече дресот и погодокот го посвети на својот другар Андреј Лазаров, кој загина во трагедијата во Кочани.

Во продолжение на првиот дел, гостите од Белград доминираа и со два погодока во финишот од првиот дел стигнаа до водство од 2:1. Илиќ погоди за 1:1 во 41-вата минута, а потоа во 45-тата минута Катаи беше прецизен за 2:1 за Црвена ѕвезда.

 

 

- Оглас -

Најнови вести