Вардар повторно подобар од Војводина, завери следна фаза во СЕХА

Ракометарите на Вардар рутински го одработија реваншот со Војводина и забележаа нова победа, овојпат од 26-32. Патникот во следната фаза на СЕХА-лигата беше решен уште на првиот натпревар, кој го доби Вардар со убедливи 38-25.

Најпрецизен во Вардар беше Гоце Георгиевски со 10 погодоци од 10 обиди. Јан Чувара постигна 7 погодоци, додека Филип Талески додаде уште 6 гола. Во редовите на Војводина најдобар поединец беше Симо Сијан со 9 погодоци.

Останува да се види која ќе биде следната фаза од СЕХА-лигата. Дали ќе има фајнл-фор турнир за екипите од т.н. дивизија „Југ“ или ќе следуваат четвртфинални натпреварите со екипите од дивизијата „Исток“, каде што играа руските и белоруските екипи. Доколку одлуката падне на втората опција, тогаш Вардар ќе игра против Мешков Брест во четвртфиналето.

Сè на сè, многу нејаснотии во Регионалната СЕХА-лига оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести