5.8 C
Skopje
среда, 29 октомври 2025

Вардар против кинескиот Пекинг ја почнува одбраната на титулата во СЕХА

Најтрофејниот клуб во СЕХА, регионалната ракометна лига, Вардар утревечер, во „Јане Сандански“ ја започнува одбраната на титулата, и тоа против екипата на Пекинг Спортски Универзитет од Пекинг. Вардарци се актуелни бранители на трофејот во СЕХА-лигата. Освен Пекинг, во група со европскиот првак се уште и: Мотор, Нексе, Татран и Војводина. Во другата група ќе играат: Еурофарм Работник, Мешков Брест, Веспрем, Загреб, Металопластика и Спартак Москва.

Тренерот на Вардар, Давид Писонеро, вели дека Вардар очекува победа против кинескиот ривал.

„Среќен сум што почнува официјалниот дел од сезоната и што ќе биде во Скопје. Пекинг Универзитет е непознат тим. Сепак, по Супер Глоуб, за нас е важно да го кренеме нивото и да почнеме да играме сè подобро. За играчите е добро да почнат во добар ритам и без разлика што ова е непознат ривал, наше е да одиграме најдобро што можеме и се надевам дека како што ќе одминува времето, ќе бидеме сè подобри”, изјави тренерот на Вардарци, Давид Писонеро.

За почетокот на сезоната, Вардар нема да може да смета на Стојанче Стоилов и Жозе Толедо, кои се повредени. Во екипата се врати и Глеб Калараш, кој ќе ја засили одбраната.

СЕХА-лигата започнува вечерва, со дуелот меѓу Војводина и Нексе.

 

 

- Оглас -

Најнови вести