19.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Вардар против Ла Фиорита треба да го прекине европскиот пост

Вардар повторно е во Европа. По седум години чекање, најтрофејниот македонски клуб вечерва ќе игра во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА. Противник е Ла Фиорита, тим кој доаѓа од Сан Марино.

Можеби и немаше подобар ривал за Вардар, но фаворитската улога треба да се покаже вечерва, на арената „Тодор Проески“. Одамна Вардар и неговите навивачи се немаат израдувано на европски триумф.

Последен пат Вардар победи на меѓународна сцена на 24 август 2017 година, и тоа против турскиот гигант Фенербахче. Тоа беше двомеч во баражот за пласман во групната фаза во Лигата на Европа, а Вардар прво дома победи со 2:0, а потоа славеше и во Истанбул со 2:1.

По тој меч, Вардар одигра шест дуели во групната фаза и претрпе пет порази, а само еднаш одигра нерешено, и тоа против Розенборг (1:1). Вардар и наредната сезона играше во Европа, но веднаш беше елиминиран,и тоа од Пјуник (порази со 0:2 и 0:1).

Тоа значи дека Вардар има седум порази и само едно реми во последните осум меча на европската сцена. Вечерва е време тој пост да биде прекинат.

- Оглас -

Најнови вести