Вардар се намачи, но победи против Татран

Вардар не дозволи изненадување и славеше против Татран Прешов со 23:21 во претпоследното коло за 2018 година во регионалната СЕХА-лига. Со овој триумф, „црвено-црните“ ќе останат на челната позиција на табелата со 12 победи и само два порази во досегашниот тек од натпреварувањето.

Македонскиот првак беше голем фаворит на овој дуел, но гостите дадоа солиден отпор и речиси до самиот финиш беа во ситуација да направат изненадување. Сепак, „црвено-црните“ не дозволија тоа да се случи и победнички ги поздравија навивачите во „Јане Сандански“.

Игор Карачиќ со шест гола беше најефикасен кај Вардар, а по трипати во листата на стрелците се запишаа Стоилов, Дисингер и Чупиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести