Шкендија Арачиново го победи Работнички со 3-1 во четвртфиналето на Купот на Македонија, што за нив е историски успех.
Арачиновци се второлигаши и се борат за влез во елитата, но на свој терен покажаа дека не заостануваат зад некои прволигаши кои се од долниот дел на табелата.

Во полуфиналето, Шкендија Арачиново ќе игра со Шкендија Тетово или Струга.

