21.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Вардар се засили со двајца репрезентативци на Уганда

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Вардар, за продолжение од сезоната ќе биде посилен за двајца репрезентативци на Уганда. Се работи за напаѓачот Фахад Бајо и дефанзивецот Муса Рамат, а и двајцата пристигнуваат од екипата на Волвало Адиграт од Етиопија.

Бајо има 22 настапи и осум гола за репрезентацијата на Уганда, а освен во Етиопија, има настапувано и за Висков од Чешка, Ашдод и Бнеј Сакнин од Израел, Билдкон од Туркменистан, како и за Вајперс и Пролајн во татковината.

Дефанзивецот Муса Раматан има само еден настап за селекцијата на Уганда, а освен за Волвало, има играно и за Висков од Чешка, втората екипа на Синсинати во САД, како и за КЦЦА во родната Уганда.

- Оглас -

Најнови вести