Двете водечки во Првата фудбалска лига на Македонија, Вардар и Струга, попладнево на Националната арена во Скопје ќе водат битка за врвот од табелата. Најтрофејниот македонски клуб, Вардар, го пречекува лидерот Струга, па со евентуална победа може да си ги променат позициите на табелата.
Вардар е во мала предност со квота од 2.40 во понудата на Sport Life, додека квотата за гостите од Струга е 2.50. Нерешениот исход на оваа средба има квота од 3.20.
„Црвено-црните“ имаат серија од три натпревари без пораз против денешниот противник. На последниот меѓусебен дуел победија со 2-0, а тоа беше во финалето од Купот на Македонија. Претходно одиграа 0-0 на домашен терен и победија на гости со 0-2 во првенството.
На вториот денешен меч се среќаваат Силекс и Тиквеш, а според пласманот на табелата, но и според квотите во Sport Life, фаворитската улога ја имаат домашните. Кратовци се третопласирани со 15 бода, додека екипата од Кавадарци е на деветтото место со осум поени.
Квотата за победа на Силекс е 1.44, додека изненадување на Тиквеш во Кратово има квота од 5.80.