Вардар со подобар коефициент од Академија Пандев за да стигне до победата

Вардар и Академија Пандев попладнево на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, ќе играат за тоа кој тим ќе биде лидер во домашното првенство по завршување на 8. коло. Црвено-црните ја имаат предноста на домашен терен, плус имаат и еден бод позитива, што значи дека ќе бидат први и во случај на реми.

Академија Пандев е единствен тим без пораз во досегашниот дел од сезоната и има пет победи и две реми. Гранитна е одбраната на струмичани кои во 630 минути примиле само еден погодок. И Вардар игра одлично во дефанзивата со само три примени гола досега, па тоа значи дека еден момент може да го реши дербито на водечките екипи.

Досега овие две екипи се сретнале осум пати, а интересно е што Академија Пандев никогаш не победила. Последните три средби завршиле нерешено, а Вардар има четири победи.

Во останатите мечеви кои денеска од 15 часот се играат во Прва лига ќе играат: Ренова – Борец, Силекс – Работнички и  Струга Трим Лум – Македонија ЃП.

 

- Оглас -

Најнови вести