Вардар со пораз од Дубочица ги заврши подготовките во Златибор

Фудбалерите на Вардар загубија на последниот контролен натпревар за време на подготовките кои ги одработеа во Златибор, Србија.

Црвено-црните денеска загубија од екипата на Дубочица со 1:0. Единствениот гол беше постигнат во 77-та минута.

Вардарци во Златибор одиграа вкупно четири натпревари на кои забележаа две победи, над Бокељ од 2:1 и над Смедерево со 1:0, ремизираа на првиот меч против Металац со 1:1 и денеска загубија од Дубочица.

Вардар кој се врати во Првата фудбалска лига, во првото коло кое е закажано за 6 август, ќе и гостува на Брера Струмица, а првиот меч пред своите гледачи ќе го игра во второто коло против Шкупи.

- Оглас -

Најнови вести