По немилите случувања на дуелот меѓу Вардар и Башкими, скопскиот тим беше казнет од Дисциплинската комисија на ФФМ со 5.000 евра парична казна и еден меч играње без публика. Оваа казна за Вардар е „поради слаба организација на натпреварот ФК ВАРДАР – ФК БАШКИМИ, навредливо и националистичко скандирање од страна на навивачката група на ФК Вардар и користење на недозволени пиротехнички средства“.
По добивањето на казната, од Вардар испратија соопштение кое ви го пренесуваме во целост.
„ФК Вардар ја информира јавноста дека по одлука на Дисциплинската комисија при ФФМ, утрешниот натпревар против Охрид лихнидос во рамките од Купот на Македонија, ќе се оидгра без присуство на публика. Клубот ќе ја почитува донесената одлука и ќе постаби согласно правилниците и прописите. Им благодариме на нашите навивачи за континуираната поддршка и разбирање“, стои во соопштението на Вардар.

