17.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Вардар во јуриш на светската круна

Ракометарите на Вардар се во Саудиска Арабија каде што денес ќе тргнат кон посакуваната светска круна. Тоа е трофејот кој недостасува во витрините на европскиот првак, а нема подобар начин да се почне новата сезона од освојување на важен пехар.

Еден од домашните тимови на Супер Глоуб, Ал Мудар е првата пречка за Црвено-црните, а избраниците на Давид Писонеро не би требало да имаат проблеми да обезбедат пласман во полуфиналето, знаејќи дека се апсолутни фаворити во денешната пресметка.

Ал Мудар обезбеди дуел против Вардар по вчерашниот триумф над Њујорк со убедливи 33-13, па колку и да била лесна победата, ракометарите на Ал Мудар потрошија дел од својата енергија, а сето тоа оди во корист на нашиот гигант.

Овој пар се вкрстува со Кил – Ел Замалек, дуел кој е закажан во 13:30 часот, додека Вардарци играат во терминот од 19 часот.

- Оглас -

Најнови вести