24.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Вардар вторпат во шест дена немоќен против Кјелце

Вардар не издвои поучна лекција од поразот од Кјелце во „Јане Сандански“ пред шест дена, па убедливо загуби и на гостувањето кај полскиот гигант со конечни 36-29.

Црвено-црните повторно немаа одговор за неприкосновениот Алекс Душебаев, кој речиси да го преслика голгетерското издание од Скопје. Тимот на Алушовски заостануваше четири гола по првото полувреме при резултат од 18-12Одбраната не беше на потребното ниво, Кјелце го користеше тоа и лесно дојде до шестиот триумф во европскиот шампионат.

Душебаев заврши со седум погодоци како најефикасен за Кјелце, додека кај Вардар најрасположен беше Дибиров исто така со седум гола и без ниту едно промашување.

 

- Оглас -

Најнови вести