Одбраната на Вардар не е на потребното ниво, Кјелце го користи тоа

Полскиот тим Кјелце постигна 18 поени во првото полувреме на дуелот со Вардар 1961 и води со тешко достижни шест гола разлика (18-12) по 30 минути игра во дуелот од ракометната Лига на шампиони.

Вардарци тргнаа добро во првите 6-7 минути, водеа со 5-2, но потоа Жолтосините фатија ритам и македонскиот првак не можеше да го следи тоа темпо. Статистички, разликата е кај голманите, Корнецки има 9 одбрани, а Ристовски и Кантегрел заедно само три. Крилото Морито даде 7 гола, од кои едниот атрактивен и ќе биде во Топ 5 во колото, па тимот на Алушовски мора да најде начин како да го запре. Кај Вардар, петмина поединци дадоа по два гола во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести