Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар, во промовираше тројца играчи во неполни 24 часа, кои треба да бидат дел од екипата во пролетниот дел. Вардар моментно е во Втора лига, со желба да се врати во елитното македонско друштво, но клубот се соочува со големи финансиски проблеми. Дури и ракометарите на Вардар, со парола побараа решение за ФК Вардар.
И додека се бара тоа решение, Црвено-црните во своите редови го промовираа, Дарко Размоски, Дејан Цветаноски и Роберт Митев. Размоски има 23 години, доаѓа од екипата на Охрид, во својата кариера меѓу другото бил дел од екипите на Академија Пандев, Беласица, Пелистер. Игра на крилните позиции, а со најтрофејниот клуб во Македонија потпиша договор до крајот на сезоната
Цветаноски е искусен 32-годишниот напаѓач, а доаѓа од екипата на Силекс. Во домашното првенство тој има големо искуство играјќи за екипите на Струга, Ренова, Победа, Пелистер. Митев е трето ново име во најтрофејниот македонски клуб во зимскиот преоден рок. Крилниот напаѓач кој има 28 години, потекнува од вардаровата фудбалска академија, а доаѓа од екипата на Охрид. Во кариерата има играно и за екипите на Силекс, Тиквеш, Беласица…

