Ракометарите упатија порака: Решение за ФК Вардар – веднаш! (Фото+видео)

Ракометарите на Вардар се израдуваа на првата победа во новата сезона од регионалната СЕХА-лига откако со 31:26 славеа над Партизан од Белград. Црвено-црните во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да остане непоразен.

Атмосферата во салата „Јане Сандански“ беше одлична благодарение на големиот број вардарови навивачи, кои во првото полувреме истакнаа парола поврзана со Гоце Делчев.

По завршување на мечот, парола истакнаа и ракометарите и таа беше за поддршка за фудбалерите на Вардар. „Решение за ФК Вардар – веднаш“, гласеше паролата. Фудбалскиот клуб Вардар е во тешка финансиска и организациска состојба. Тимот кој треба да е национална спортска гордост, моментално е во Втора лига и неизвесно е дали ќе ја доигра сезоната.

По завршување на дуелот, ракометарите заедно со Комитите ја прославија победата над Партизан во нивниот добро познатиот стил.

- Оглас -

Најнови вести