Ракометарите на Вардар земаа германски скалп откако го надиграа Мелсунген на домашен терен и славеа со 37-33 во Европската лига на ЕХФ.
Почетокот не ветуваше таков развој на настаните. Мелсунген почна полетно и имаше шест гола предност (4-10 и 6-12), но Вардар успеа да се консолидира и да ја намали негативата до еден гол (18-19) на паузата.
Во вториот дел, продолжи налетот на Црвено-црните, а Мелсунген немаше одговор. на крајот, сосема заслужен триумф на Вардар.
Јака Малус блесна со десет гола, додека новото српско крило Вукашин Воркапиќ постигна девет погодоци. Од останатите реализатори се истакна Жуниор Тузолана, додека кај гостите најефикасен беше Стефансон со 12 гола.
Милош Валах, голманот на Вардар, имаше 14 интервенции и ја водеше екипата во најтешките моменти на натпреварот.

