24.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Вардарци го одработеа првиот тренинг пред реваншот во Сан Марино (Фото)

Спортманија во Сан Марино

Екипата на Вардар синоќа пристигна во Италија, а попладнево го одржа и првиот тренинг во пресрет на реванш дуелот со Ла Фиорита од Сан Марино од квалификациите во Конференциската лига.

Мечот се игра в четврток од 21 часот, а Вардар влегува како голем фаворит, откако првиот меч во Скопје го доби со 3-0.

Денеска вардарци имаа прилика да се запознаат со временските услови во малата земја на Апенинскиот полуостров. На топлото време Вардар го одработи првиот тренинг. Атмосфера беше добра, фудбалерите се подготвени за битката, и полни оптимизам го чекаат реванш мечот.

Утре тимот на тренерот Гоце Седлоски ќе тренира на стадионот на кој ќе се игра мечот.

- Оглас -

Најнови вести