Вардарци почнаа со работа, фудбалерите со аплауз им се заблагодарија на Комитите (Видео)

Најтрофејниот македонски клуб Вардар ги почна подготовките за новата сезона. Тренерот Горазд Михајлов ги поведе фудбалерите на првиот тренинг во базата во Хиподром.

„Да го вратиме Вардар таму кај што му е местото. Вардар е бренд треба да остане бренд, вие сте тука затоа што веруваме во вас, заедно да го извлечеме Вардар и да го вратиме таму каде што бил во минатото“, им порача тренерот Горазд Михајлов на фудбалерите на стартот.

Единственото ново име засега е дефанзивецот Филип Најдовски, кој денеска потпиша четиригодишен договор и се враќа по четири години во најтрофејниот клуб.

Фудбалерите со аплауз ги поздравија и „Комитите“, кои дојдоа да им изразат поддршка на првиот тренинг, а потоа почнаа со работа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести