Вардар со 2-0 славеше на гостувањето кај Борец, со два гола во последните десетина минути. Попзлатанов и Цветановски му ја донесоа четвртата победа на Вардар сезонава. Со оваа победа, вардарци му го честитаа 41-виот роденден на тренерот Александар Васоски.
Интересно е што Борец на свој терен немаше загубено од 22 февруари, кога загуби 0-1 истотака од скопските Црвено-црни. Во август на стартот на сезонава, велешани победија на арената „Тодор Проески“, а сега Вардар се реваншираше и се најде во средина на табелата.
Вардар е во финансиска криза која трае долг период, па освојувањето бодови на тешко гостување е голем плус за нив. Останатите дуели од 12-тото коло се играат утре.