Македонската фудбалска репрезентација за три дена ќе дебитира на Европското првенство. Во дуелот против Австрија на Националната арена во Букурешт, Рисовите за првпат во нашата историја ќе настапат на големото натпреварување, за што им е потребна голема поддршка од целата нација.
Во пресрет на премиерниот меч, Македонија доби силна поддршка од двократниот ракометен европски првак Вардар. Стоилов, Чупиќ и Дибиров кои беа дел од тимот на Црвено-црните во двократниот поход кон европската титула во Лигата на шампионите, е дополнителен мотив за Пандев и дружината да направат ново спортско чудо кое ќе донесе неизмерна радост во земјата.