Ракометарите на Вардар со триумф во големата дерби-пресметка против Алкалоид во Автокоманда го стартуваа плеј-оф разигрувањето во Суперлигата на Македонија. Вардарци пред само една недела победија за крај на регуларниот дел против Алкалоид, а сега го отворија на ист начин и разигрувањето за титула и за Европа во ист стил.
Црвено-црните триумфираа против големиот ривал, по голема борба и максимално неизвесен меч, со 32-33 (17-19). Низ максимално неизвесни последни секунди, на крај гостите се радуваа на победата.
Вукашин Воркапиќ со десет гола беше најдобар во победничкиот тим, а Дмитро Хориха и Франциско Да Силва постигнаа по шест гола. Голманот Милош Валах имаше девет одбрани.
Кај Алкалоид, Никола Костески имаше седум гола од исто толку обиди, а Марко Митев, Марко Стојковиќ и Урош Борзаш го завршија мечот со по пет постигнати погодоци.
Фото: РК Алкалоид

