Швајцарија е на прагот да приреди изненадување и да го елиминира европскиот првак Италија во осминафиналето на Европското првенство. Рубен Варгас на почетокот на второто полувреме успеа да ја усвои предноста и да донесе водство од 2-0 за Швајцарците на натпреварот во Берлин.
Варгас упати прекрасен удар кон голот и го надмудри Донарума погодувајќи во спротивниот горен агол.
Италија е на прагот на елиминација и ќе мора експресно да стори нешто доколку сака да остане и понатаму дел од ЕВРО 2024.