Ваква храброст да се шутне пенал во едно финале немале ни најдобрите фудбалери

Севиља седми пат во историјата ја освои Лигата на Европа откако во драматичното финале кое траеше повеќе од три часа на пенали ја победи Рома. Во пенал-рулетот, фудбалерите на Рома погодија само еднаш од три шута, што само покажува колку е голем притисокот да се погоди во такви моменти.

Прв кој шутираше во пеналите беше Лукас Окампос. Играчот на Севиља не само што погоди, туку тоа го направи на неверојатен начин. Кога зеде залет и шутираше, Окампос веднаш ја сврте главата на спротивната страна и воопшто не гледаше каде заврши топката. Едноставно „без гледање“ успеа да даде гол во толку важен момент.

„Многу работи ми поминуваат низ главата. Многу се напатив за да бидам тука. Пред неколку месеци бев сам, а сега сум освојувач на Лигата на Европа. Тоа што ние го направивме во ова натпреварување, не може да се објасни“, рече Окампос, кој од 2019 година е во Севиља, но првиот дел од оваа сезона беше позамјен во Ајакс, каде што одигра само 100 минути, а да потоа беше вратен во шпанскиот тим.

„Најсталожениот човек“, „Никој не е луд како Аргентинецот“, „Ова никогаш не е видено“, „Каква храброст“, „Што ќе беше ако не погодеше и Севиља поради него го загубеше финалето“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи за стилот на кој Окампос го шутна пеналот во финалето.

https://twitter.com/i/status/1664058104219160586

- Оглас -

Најнови вести