Сагата околу Василије Мициќ и неговиот нов клуб продолжува. Иако се чинеше дека Хапоел Тел Авив се откажал од потпишувањето на договорот со српскиот кошаркар, израелските медиуми сега објавуваат дека Димитрис Итудис дал понуда што поранешниот НБ- играч не може да ја одбие.
Се чинеше дека Олимпијакос завршил сè во врска со Мициќ, но сега одеднаш се појави понуда вредна 18.000.000 долари. Толку му нуди Хапоел на поранешниот МВП на Евролигата за тригодишен договор, што би значело дека ќе има 6.000.000 долари по сезона. Тој се откажа од точно 6.000.000 долари од договорот со Милвоки бакс за да се врати во Евролигата.
Мициќ наводно побарал од Олимпијакос четиригодишен договор вреден 20.000.000 евра, но сега Хапоел е подготвен да понуди уште повеќе пари. Понудата од Пиреја на крајот беше 10.000.000 евра за три години, што е значително помалку од барањето на Мициќ.