Александар Васоски само неколку дена откако си замина од клупата на Вардар, најде ангажман и во вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе го предводи тимот на Силекс.
Васоски доаѓа на местото на Горазд Михаилов, кој по завршување на есенскиот дел од сезоната, си замина од Силекс.
Силекс првиот дел од сезоната го заврши на четвртото место со 27 бода, осум бода помалку од третопласираната Шкендија, додека лидерот Струга ТЛ им бега на кратовци со 12 бода.