Васоски: Имав понуда од Ајнтрахт, играв против Левандовски и Џеко ама најтешко беше против еден фудбалер

Александар Васоски со голем успех своевремено го носеше дресот на Ајнтрахт Франкфурт. Некогашниот наш репрезентативец и еден од најдобрите дефанзивци во фудбалската историја на Македонија во моментов е тренер на Сараево.

Тој во едно интервју се присетува на фудбалските мигови, но и откри еден интересен момен.

„Пред три или четири сезони имав понуда од Ајнтрахт Франкфурт за да бидам тренер на екипата до 19 години, а потоа како што се развивам да добијам шанса и да го водам првиот тим, но таа понуда не ја прифатив.

Пресуди љубовта кон Вардар, а од денешна перспектива можеби и требаше да ја прифатам понудата“ вели Васоски за босанските медиуми.

„Играв против Роберт Левандовски, Един Џеко, Ведад Ибишевиќ, едноставно против голем број на фантастични голгетери се имаа соочено.

Но, највеќе наамачено ме има Мирослав Клосе. Тој беше фантастичен во скок и јак на дуел, додека и техниката му беше на високо ниво, затоа ги има и сите тие успеси и рекорди зад своето име“ изјави Васоски.

Васоски за Ајнтрахт играше во периодот од 2005 до 2011 година и во тој период забележа 98 настапи и постигна три погодоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести