8.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Вавринка играше против тенисер кој е 23 години помлад од него

Швајцарскиот ветеран Станислас Вавринка кој на крајот на годинава ќе ја заврши кариерата како професионален тенисер, денеска испиша историја, бидејќи на турнирот во Ротердам победи Холанѓанецот Таис Богард кој е дури 23 години и 100 дена помлад од него.

Вавринка има 40 години, а само еднаш во историјата на АТП турнирите имало меч со поголема разлика помеѓу двајца тенисери. Тоа беше во 2011 година во Виена, кога тогашната сензација Доминик Тим на 18-годишна возраст го совлада Германецот Томас Мустер, шампионот на „Ролан Гарос“ од 1995 година, кој тогаш имаше 44 години и беше 25 години и 11 месеци постар од Тим.

Сега Вавринка може да се пофали дека во кариерата играл и против тенисер роден во 1972 година и против тенисер роден во 2008 година.

 

- Оглас -

Најнови вести