Познатите спортисти ширум светот, своите фанови редовно ги информираат за активностите кои ги имаат деновиве кога мора да седат затворени дома, а се чини дека најкретивната фотографија од домашната изолација ја има тенисерот Станислас Вавринка. Швајцарецот беше креативен и во само една слика направи колаж од активности кои ги има во текот на денот.
За да прикаже колку му е здодевно што мора да седи во самоизолација, тој со помош на фотошоп или апликација на мобилниот телефон направи фотографија на која се наоѓа тој, но во неколку различни пози.
Иако тениската сезона е во прекин и нема да продолжи пред јуни, Стен редовно тренира во домашни услови. Погледнете ја фотографијата која ја „лајкуваа“ многу познати спортисти: