Вечерва се играат полуфиналните дуели на тенискиот турнир во хрватското летувалиште Умаг, а за неутралните поатрактивно е второто полуфинале во кое ќе се сретнат Лоренцо Сонего и Станислас Вавринка.
За Швајцарецот Вавринка кој има 38 години, тоа ќе биде прво полуфинале на АТП турнир на земјена подлога, по пауза од шест години, со што покажува дека уште не е за во пензија.
Вавринка го има освоено турнирот во Умаг и тоа пред 17 години.