Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, синоќа постигна пет гола против Лутон, а денес повторно е во центарот на вниманието, но не поради игрите на теренот, туку поради неверојатниот автомобил кој ќе го купи.
Норвежанецот својата колекција на скапи автомобили ќе ја зголеми со Мерцедес AMG One, чија цена е 3,1 милиони евра. Автомобилот е на погон од 1063 коњски сили, а 200 километри на час развива за само седум секунди, додека 300 километри на часа за 15.6 секунди. Максималната брзина која може да ја постави овој автомобил е 352 километри на час.